Амбасада на Република Северна Македонија во Ватикан

Најнови вести

Поздравно обраќање на Амбасадор Ефремова на Конференцијата” Жените во црквата: Градители на хуманоста”

Рим, 8-ми март - По повод Меѓународниот ден на жената, на Понтификалниот Универзитет Урбаниана се одржа свечена академска конференција на тема „Жените во Црквата: Градетели на хуманоста“.

Од име на амбасадорите акредитирани при Светата столица, свое обраќање пред присутните на настанот имаше Aмбасадор Ефремова, која меѓу другото истакна дека организацијата на оваа конференција, ги потврдува храброста, решителноста и прогресивноста на жените и нивниот придонес во образованието, спиритуалноста, промоцијата на мирот и дијалогот како и во многу други аспекти од нашето секојдневие. Во продолжение, Aмбасадор Ефремова ја подвлече и континуиранaта посветеност на амбасадорите акредитирани при Светата столица кон повисока перцепција на жените во црквата, преку организација на различни настани организирани од групата жени амбасадори при Светата столица, во соработка со повеќе религиозни институции и католички организации.

Aмбасадор Ефремова со групата жени амбасадори присуствуваше на Генерална аудиенција со Папата Франческо

Ватикан, 8-ми март- Aмбасадор Ефремова, со групата жени амбасадори акредитирани при Светата столица, присуствуваше на Генерална аудиенција со Папата Франческо.

Аудиенцијата беше организирана по повод 8-ми март, Меѓународниот ден на жените.

Амбасадор Ефремова огранизираше работна вечера во чест на Др. Франческа Ди Џовани, потсекретар во Државниот секретаријат за односи со државите и мултилатералните организации на Светата столица.

Рим, 25- февруари - Амбасадор Ефремова, организираше работна вечера во чест на Др.Франческа Ди Џовани, потсекретар во Државниот секретаријат за односи со државите и мултелатиларните организации на Светата столица. Негувањето на пријателство, доверба и единство е секојдневна наша обврска за мирна и просперитетна иднина.

На работната вечера во македонската резиденција, присуствуваа амбасадорите на Украина, Литванија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Словенија, акредитирани при Светата столица.

Туристички дестинации

Кањон Матка, Скопје

Крушево

Широк Сокак, Битола