

Тел: ++ 39 06 635 878
Факс: ++ 39 06 635 639
Рим, 24 мај - Во присуство на македонска делегација предводена од претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Н.Е. Талат Џафери, Дипломатскиот кор при Светата столица, како и претставници од Ватикан и католичката црква беше одржан по 55-ти пат молебен на гробот на сесловенскиот просветител, Св. Кирил во Базиликата Св. Климент. Со молебенот чиноначелствуваше Метрополитот европски на МПЦ, господин Пимен.
Ватикан, 24 Мај - Македонска делегација предводена од Претседателот на Собранието Н.Е. Талат Џафери денес беше примена на аудиенција кај Папата Франческо. Претседателот му ја честита 10-годишнината од Понтификатот и му посака долг живот, добро здравје и успешно извршување на светата должност. Тој истакна дека нашите две земји имаат нераскинливи историски врски преку важните личности од заедничкото минато - нашата Скопјанка и Албанка, Мајка Тереза и Светите апостоли Кирил и Методиј.
Рим 23 мај - Во рамки на одбележувањето на 55-то издание на традиционалната манифестација "Во чест на Св.Кирил" беше одржан прекрасен концерт на младите музичари Гоце Златев и Магдалена Дрмач во базиликата Santa Maria in Portico in Campitelli.