Промовирана изложба во Амбасадата по повод одбележување на Меѓународниот ден на жената

10 март 2022
РИМ, 8-ми Март 2022 - Амбасадата на Република Северна Македонија при Светата Столица, Ватикан денес свечено ја отвори изложбата на македонскитa сликаркa Маргарита Алексиевска Склави, насловена “ТРАНСПОЗИЦИИ”, поставена во просториите на Амбасадата.
Изложбата со која, традиционално, Aмбасадата претставува македонски жени сликарки, по повод Меѓународниот ден на жената, оваа година е посветена на сите жени во Украина, на кои им изразуваме безрезервна поддршка!
Изложбата може да се посети со претходно закажување од понеделник 8-ми март до крајот на април 2022.