Рим, новинарката на радио Ватикан, Фауста Сперанца, ја доби книжевната наградата од жирито на Амбасадори акредитирани при Светата Столица за нејзината книга “Чувство на жед”.
Амбасадорката на Република Северна Македонија при Светата Столица, Н.Е. Марија Ефремова, како член на жирито присуствуваше на доделувањето на наградата, заедно со амбасадорите на Италија, ЕУ, Португалија, Австралија, Албанија, Бугарија и Уругвај. За амбасадата на Република Северна Македонија при Светата Столица ова е од голема чест, бидејќи првата промоционална конференција на наградената книга беше во организација на амбасадорката Ефремова.