Предавање на акредитивните писма

02 јуни 2021

РИМ/ВАТИКАН, 19.12.2020 Амбасадорот на Република Северна Македонија при Светата Столица, Марија Ефремова, му ги предаде акредитивните писма на Папата Франческо

Денес, 19.12.2020, именуваниот амбасадор на Република Северна Македонија, Марија Ефремова му ги предаде на Неговата Светост, Папата Франческо акредитивните писма со кои се назначува за вонреден и ополномоштен амбасадор при Светата Столица, со седиште во Ватикан.

Согласно ватиканскиот протокол, амбасадор Ефремова, на свечената церемонија во апостолската палата во Ватикан беше придружувана од семејството, сопругот д-р Димитар Ефремов и синот д-р Кристијан Ефремов, како и од вработените во амбасадата, првиот секретар Александар Спирковски и асистент Тамара Кавракова.

По церемонијата на пречек и свеченото поздравување со Папата Франческо и неговите најблиски соработници, амбасадор Ефремова ги предаде акредитивните писма и ги пренесе поздравите од претседателот Пендаровски и од претставниците на државниот врв. Потоа следеше вообичаената размена на подароци, а веднаш потоа и приватна аудиенција на амбасадор Ефремова со Папата Франческо, каде беа дискутирани актуелните теми во билатералните односи, случувањата во регионот и други актуелни прашања.