Одбележување триесет години државна независност и пет години од канонизацијата на Мајка Тереза

20 септември 2021

Рим, 06.09.2021 - Амбасадата на РСМ при Светата Столица, по повод одбележување триесет години од прогласувањето на независноста на Република Северна Македонија и пет години од канонизирањето на Мајка Тереза, од страна на Папата Франческо, организирање прием во хотелот Marriot Flora, во Рим.

Специјални гости на приемот беа Министерот за надворешни работи на РСМ, Н.Е Д-р Бујар Османи и Секретарот за односи сo државите при Државниот секретаријат на Светата Столица, Н.Е. Mons. Paul Gallagher, кои, заедно со Амбасадорот на РСМ при Светата Столица, Н.Е. г-ѓа Марија Ефремова, одржаа пригодни свечени обраќања и ги поздравија присутните. На свеченоста беше официјално инаугурирана изложбата на фотографии, насловена „Мајка Тереза - од девојка од Скопје до Светица“, специјално селектирани и подготвени за овој повод.