Посета на МНР Османи на Светата Столица, средба со Mons. Gallagher

20 септември 2021

 

ВАТИКАН, 06.09.2021 – Во рамки на работната посета на Светата Столица, Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Н.Е. Д-р Бујар Османи оствари средба со Секретарот за односи со држави при Државниот секретаријат на Светата Столица, Mons. Paul Richard Gallagher.

На обострано задоволство, беше констатиран позитивниот развој на билатералните односи, видлив преку честите посети и средби, по апостолската посета на Папата Франциск пред две години. Ваквиот интензитет на билатерални контакти отвора широки можности за интензивирање на понатамошната билатерална соработка меѓу двете земји.