Годишно обраќање на Папата Франческо до дипломатскиот кор

12 јануари 2022

На традиционалното годишно обраќање на почетокот на годината, до дипломатскиот кор при Светата Столица, Папата Франческо побара зајакнување на мултилатерализмот, дијалогот и братството меѓу луѓето. Сите обиди за деградирање на жените, негирањето на идентитетот на многу народи и трговијата со луѓе, треба да бидат спречени. Заштитата на природата - нашиот заеднички дом, здравјето на луѓето и борбата против пандемијата, треба да бидат наша заедничка цел.