Средба со амбасадорот на СР Германија при Светата Столица

10 март 2022

РИМ, 22.02.2022 - Продуктивна средба на Амбасадор Ефремова со Амбасадорот на Сојузна Република Германија при Светата Столица, Д-р Bernhard Kotsch, во неговата резиденција. Средбата се одржа по завршувањето на Минхенската безбедносна конференција, каде беа дискутирани актуелните безбедносни состојби во Европа и регионот. Изразено признание за реформските постигнувања и потврдена конзистентната поддршка за евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија, чија неопходност се повеќе доаѓа до израз, посебно во контекст на актуелните глобални и регионални безбедносни предизвици.