Средба на групата жени амбасадори акредитирани при Светата Столица

14 декември 2022

Рим, 27.09.2022 година - Пред групата жени Амбасадори акредитирани при Светата Столица, беа презентирани резултатите од истражувањето спроведено од страна на ISCW, за местото, улогата и состојбите на жените католици во црквата. Целта на истражувањето е да се подготви предлог до Синодот на бискупи како дел од консултативниот процес на Синодот за 2022-23 година, во насока на унапредување на местото на жените во црковните институции, структури и практика. Оваа значајна иницијатива е подржана од Папата Франческо.