Проекција на документарниот филм за Бигорскиот манастир „1000 години – Сведок на Светлината“, во организација на амбасадата на Република Северна Македонија при Светата столица

06 март 2023

Рим, 14-ти февруари, На Понтификалниот ориентален институт, се одржа проекција на документарниот филм за Бигорскиот манастир „1000 години – Сведок на Светлината“, во организација на амбасадата на Република Северна Македонија при Светата столица и Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи. Амбасадор Ефремова се обрати пред присутните, пред проекцијата на документарниот филм и ги запозна со историјата на манастирот, како и со македонското културно и духовно богатство.

Пред настанот беше организирана средба на амбасадор Ефремова и директорот на КОВЗРГ, Сотировски, со ректорот на Понтификалниот ориентален институт, Фра. Давид Назар.