Рим, 8-ми март - По повод Меѓународниот ден на жената, на Понтификалниот Универзитет Урбаниана се одржа свечена академска конференција на тема „Жените во Црквата: Градетели на хуманоста“.
Од име на амбасадорите акредитирани при Светата столица, свое обраќање пред присутните на настанот имаше Aмбасадор Ефремова, која меѓу другото истакна дека организацијата на оваа конференција, ги потврдува храброста, решителноста и прогресивноста на жените и нивниот придонес во образованието, спиритуалноста, промоцијата на мирот и дијалогот како и во многу други аспекти од нашето секојдневие. Во продолжение, Aмбасадор Ефремова ја подвлече и континуиранaта посветеност на амбасадорите акредитирани при Светата столица кон повисока перцепција на жените во црквата, преку организација на различни настани организирани од групата жени амбасадори при Светата столица, во соработка со повеќе религиозни институции и католички организации.