Учество на амбасадор Ефремова на презентација на книгата „L'atlante di Francesco“

06 април 2023

Рим, 13-ти март - Амбасадор Ефремова присуствуваше на одбележувањето на 10-годишнината од Понтификатот на Папата Франческо со презентација на книгата “L’atlante di Francesco”, за Ватикан и меѓународната политика, од авторот Антонио Спада. Книгата беше презентирана во седиштето на најстарото католичко списание од страна на Државниот секретар на Светата столица, кардиналот Пјетро Паролин и Премиерот на Италијанската Република, Џорџа Мелони.