Рим, 15-ти март - Средба во македонската амбасада по повод 10 години од понтификатот на Папата Франческо со презентација на книгата „Praedicate Evangelium – La Curia Romana di Papa Francesco“. Покрај авторот Проф. Стефано Росано, за книгата и новиот Понтификален устав зборуваше и кардиналот Франческо Кокопалмиери, префект емеритус на Дикастерот за законодавни текстови, кој воедно е автор на предговорот на книгата.